ЌЕ ДУВНЕ ВЕТЕР СО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Уште денеска ќе биде екстремно топло
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираше УХМР.
„Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст“, се вели во соопштението.