ЌЕ ДОБИЕМЕ СЀ ШТО НИ ТРЕБА Зеленски се заблагодари за 40-те милијарди на САД

Едноставно кажано, се работи за програма со која ќе добиеме сè што ни е потребно за одбрана, истакна Зеленски.

94

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали Претставничкиот дом на САД поради одобрениот пакет помош за Украина од 40 милијарди долари. Пакетот мора да биде одобрен и од американскиот Сенат, пред да го потпише претседателот Џо Бајден, пишува Би-Би-Си.

– Едноставно кажано, се работи за програма со која ќе добиеме сè што ни е потребно за одбрана -истакна Зеленски.






Зеленски во обраќањето изјави дека средствата ќе обезбедат оружје, муниција и поддршка за „истрагата за воени злосторства, како и за дипломатските напори“.

Претседателот на Украина му се заблагодари и на Бајден за потпишувањето закон, со што се овозможува брза испорака на опрема во земјата. Тој синоќа соопшти дека разговарал и со германскиот канцелар Олаф Шолц. Се зборувало за одбранбена помош, соработката во енергетскиот сектор и зајакнување на санкциите против Русија.

„Ние сме благодарни за дијалогот на високо ниво со Германија и поддршката за нашата борба“, напиша Зеленски на Твитер.

Украинскиот претседател претходно нагласи и дека руската агресија кон неговата земја би била спречена доколку Украина била членка на НАТО.

– Ако Украина беше дел од НАТО пред војната, немаше да има војна – им рече тој на студентите од Институтот за политички студии во Париз, говорејќи преку видео-врска.

Зеленски исто така рече дека неговата земја е „подготвена“ да води преговори „додека не стане доцна“, јави Си-Ен-Ен.

Портпаролот на германската влада изјави дека Шолц нагласил дека Русија треба „веднаш да го прекине конфликтот во Украина, да ги повлече војниците и да го врати територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

„Канцеларот и претседателот на Украина разменија мислења и за многу конкретни, практични начини за продолжување на поддршката на Украина и се согласија да останат во близок контакт’, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада.

Поврзани содржини