„ЌЕ БИДЕ ТЕШКО, НАЈТЕШКО ДОСЕГА“ Вучиќ потврди дека добил лоши вести

Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа… Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Република Српска, објави Вучиќ на Инстаграм.

1,722

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека и претстојат тешки денови на Србија и најави дека наскоро ќе ги информира граѓаните за сите предизвици кои претстојат.

На Србија ѝ претстојат тешки денови. Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа… Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Република Српска, објави Вучиќ на Инстаграм.






Вучиќ најави дека во наредните денови ќе го запознае „народот на Србија со сите предизвици“.

– Ќе биде тешко, најтешко досега – изјави Вучиќ, кој исто така изрази уверување во победата на Србија.

– Ќе се бориме. Србија ќе победи – изјави Вучиќ.

 

Поврзани содржини