ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО, ДОПОЛНИТЕЛНИ 13.000 ВЛЕЗНИЦИ ЗА ФАНОВИТЕ НА МАРОКО! Навивачите со 30 џамбо џети ќе слетаат во Доха

Стадионот е со капацитет од 68.895 седишта, а се очекува мароканските фудбалери да имаат поддршка од околу 45.000 навивачи.

184

Фудбалската федерација на Мароко одлучи за вечерашното полуфинале против Франција бесплатно да им додели на своите навивачи дополнителни 13.000 влезници, кои организаторите на Светското првенство во Катар ги наменија за таа африканска репрезентација.

Натпреварот е на програмата вечерва од 20 часот стадионот „Ал Бајт”, оддалечен 35 километри од центарот на Доха. Стадионот е со капацитет од 68.895 седишта, а се очекува мароканските фудбалери да имаат поддршка од околу 45.000 навивачи.






Фудбалската федерација на Мароко најави дека во Катар од Казабланка денеска ќе слетаат 30 џамбо џети, а навивачите ќе можат да ги подигнат влезниците во мароканскиот конзулат во Доха.

Поврзани содржини