ЌЕ ЈА УКИНЕМЕ ПАРТИЦИПАЦИЈАТА НА МЕДИЦИНСКИОТ, СТОМАТОЛОШКИОТ И НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ Филипче најави оглас за уште 1.000 специјализации и субспецијализации

Кандидатот за пратеник од редовите на коалицијата на СДСМ во Изборната единица 4 рече дека ја препознава критичната потреба од специјализирани медицински професионалци во нашата земја како дел од потребата за вистинско зајакнување на здравствениот систем и превенирање на одливот на кадар.

388

Ќе отвориме нови можности за нашите амбициозни медицински умови. Наша клучна цел е да осигураме дека нашиот здравствен систем е зајакнат со експертиза и посветеност. Ова го рече, кандидатот за пратеник во Изборна единица 4 Венко Филипче на претставување на „Програмата за европска иднина” на СДСМ и коалицијата.

Во присуство на своите сопартијци и симпатизери, поранешниот министер за здравство како носител во „Четворката” рече дека е подготвен план и програма за целосна трансформација на здравствениот систем, меѓу другото, и за подобрување на условите за студентите.






– Во следните четири години ќе ги удвојуваме квотите за упис на факултетите и ќе ја укинеме партиципацијата за студирање на Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет. Ја решаваме критичната побарувачка за здравствени работници и инвестираме во иднината на македонската медицина – рече Филипче во обраќањето.

Тој спомена и дека развојот на новиот Медицински факултет во Битола е доказ за посветеноста на образованието и иновациите во здравството.

– Симболизира нова ера на медицинска едукација во земјава. Ќе го подигнеме на врвно ниво со цел продуцирање на квалитетни кадри кои ќе бидат иднината на нашето здравство – истакна Филипче.

Со цел вистинско зајакнување на здравствениот систем и превенирање на одливот на кадар, тој рече дека ја препознава критичната потреба од специјализирани медицински професионалци во нашата земја.

– Во овој мандат распишавме над 1000 специјализации и субспецијализации, а во следниот ќе распишеме уште 1000 – потенцираше Филипче при претставувањето на Програмата.

Поврзани содржини