ЌЕ ЈА ДОВРШИМЕ РАБОТАТА МОЖЕБИ ЗА 2 НЕДЕЛИ Според Трамп, Иран нема да поседува нуклеарно оружје
Американскиот претседател најави дека САД ќе ја завршат војната во Иран во рок од околу две недели, со можност и за побрз исход. Тој тврди дека главната цел, спречување на нуклеарно оружје, веќе е постигната.
Американскиот претседател најави дека САД се блиску до завршување на воените операции во Иран, поставувајќи рок од околу две недели.
– Мислам за две или три недели – изјави Трамп, одговарајќи на прашање кога САД ќе ја завршат војната.
Тој појасни дека операциите може да завршат и побрзо.
– Во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго – додаде американскиот претседател.
Шефот на САД најави можен брз излез на американските сили по завршувањето на целите.
– Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – рече Трамп.
Трамп истакна дека промената на режимот во Техеран не е примарна цел на војната.
– Имав една цел, да нема нуклеарно оружје, и таа цел е остварена. Тие нема да имаат нуклеарно оружје – изјави тој.
Воедно, нагласи дека САД ќе продолжат со операции до целосно уништување на иранските капацитети.
– Сакаме да го уништиме секој поединечен објект што го имаат.
Американскиот претседател не ја исклучи можноста за дипломатско решение.
– Можно е да постигнеме договор и пред тоа – изјави Трамп.
САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, додека Техеран возвраќа со напади во регионот каде што има американско присуство.