ЌЕ ЈА БРАНИ ЛИ ЃОКОВИЌ ТИТУЛАТА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН!? За невакцинираните нема пристап на турнирот

Гренд слем титулите нема да ве заштитат. Единствено што ќе ве заштити е да имате доказ за прва и втора доза вакцина, објаснил премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз.

470

Власта во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, донела одлука сите спортисти кои сакаат да се натпреваруваат на нивна територија да мора да бидат вакцинирани против коронавирусот.

Тоа значи дека на Автсралијаопен ќе може да учествуваат само тенисерите кои ги примиле две дози вакцина против ковид-19.






Директорот на турнирот Крејг Тајли се обидува да ја убеди власта да не воведуваат такви ригорозни мерки, н премиерот порачал дека одлуката е конечна и дека ќе нема привилегирани.

Австралиските новинари веруваат дека актуелниот шампион на Австралија опен Новак Ѓоковиќ не е вакциниран и ги интересирало каков е неговиот статус.

– Гренд слем титулите нема да ве заштитат. Единствено што ќе ве заштити е да имате доказ за прва и втора доза вакцина – објаснил премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз.

Тој рекол дека зборувал со премиерот на Австралија и додал дека засега право на влез во земјата сепак ќе имаат спортистите кои се австралиски државјани.

– Ако доаѓате како турист или деловно и не сте Австралијци кои се вакцинирани, мислам дека шансите се многу мали дека ќе влезете во земјата – порачал Ендрјуз.

Новак не открил дали примил вакцина против коронавирусот, но од почетокот на пандемијата имал резерви, па се претпоставува дека не е имунизиран. Интересно е дека се шпекулира дека минимум четири тенисери од Топ 10 не се вакцинирани.

Австралија опен на програма е од 17 до 30 јануари, а титулата ја брани најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

 

Поврзани содржини