ДВОЈНО УБИСТВО ВО КРАТОВО Го убила сопругот, па му пресудила и на свекорот
Според информациите, жена на возраст од 36 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор.
Двојно убиство вечерва го потресе Кратово.
Според информациите, жена на возраст од 36 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор.
Жената е приведена во полициска станица.
„На 13 јуни 2024 гоидина во 22:08 часот, полициски службеници на ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И. (36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзниот сопруг Ј.И. (38) и неговиот татко С.И. (63), кои починале од здобиените повреди“, соопшти МВР.
На терен е јавен обвинител, полиција и брза помош.