ДВОЈНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Приведен 60-годишник осомничен дека пукал во свои роднини и соселани

Според првичните информации и осомничениот бил тешко повреден, најверојатно од огнено оружје.

265

Две лица се убиени, а едно е повредено  во оружениот инцидент што се случил попладнево во тетовското село Челопек.

-Полициски службеници на СВР Тетово во Челопек, го лишија од слобода И.И на шеесетина години ова ова село, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничниот се здобил со повреди исто така нанесени од огнено оружје. Се преземаат мерки и за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Полициски и екипи на Брзата помош, од СВР Тетово веќе се на местото на настанот и преземаат мерки. На местото е излезен и јавен обвинител кој врши увид на настанот.

Според неофицијални информации, осомничениот и другото повредено лице се во тешка здравствена состојба.

Поврзани содржини