Двојничката на кралицата Елизабета открива: 30 години работам без скршена пара, ја менувам за таа да се одмора (ФОТО+ВИДЕО)

Веќе 30 години ја менува британската кралица Елизабета Втора и никогаш не земала плата за својата работа

3,017

Целиот свет досега се прашуваше како 94-годишната британска кралица Елизабета Втора успева да посети бројни кралски приеми и настани. Од каде енергија таа старица да „трча“ од прием на прием? Само минатата година таа имаше 295. Се чини дека распоредот на кралицата е многу густ. Премногу густ за да може да стори сé сама. Ако на тоа ги додадеме и пробите за повеќето настани, сценариото за кралицата која е во години станува неподносливо.

Но, затоа има бекап, кои популарно се нарекуваат и „клонови“. Од претходно знаеме колку славни личности испраќаат свои резервни „копии“ на настани на кои не успеваат да учествуваат, односно луѓе кои физички се многу слични на нив. Понекогаш тие се штитат на тој начин, кога навистина не сакаат да се појават некаде, затоа што проценуваат дека можат да бидат загрозени. Не е лесно да се биде јавна, позната личност.






Сега е откриено дека и кралицата Елизабета го прави истото, но на малку поинаков начин.

Имено, нема личност што повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинска Елизабета, но има жена која физички личи на неа и барем малку ги олеснува работите за вистинската кралица. И тоа го прави цели 30 години.

Имено, таа ја менува на пробите за кралски настани. Кралицата е кралица, се занимава со важни работи, се појавува само таму каде што треба, па 62-годишната Ела Слак е задолжена за нејзините генерални проби, а нејзината фигура и изглед навистина потсетуваат на кралицата.

– Јас бев нејзина замена повеќе од 50 пати. Јас не изгледам точно исто како неа, но јас сум со таква висина и држење на телото, и имаме слична фризура – рече Ела за „ВВС“.

Ела, како што изјави за британските медиуми, била ангажирана за таа работа случајно, додека била во посета на „ВВС“. Тие ја снимиле кралицата, но додека сонцето удирало во нејзините очи, Ела доброволно се пријавила да ја замени за да можат да се сликаат. И така започна нејзината „кралска приказна“, еден ангажман доведе до друг, а Ела можеше да се чувствува како вистинска кралица. Додуша, само на проби.

Ела се возела во кочијата на кралицата и присуствувала на пробата на облеката за отворање на парламентот. Најважно, вели таа, е да се следи строгиот кралски протокол цело време.

Сепак, таа не смее да приоѓа на некое од местата на кралицата.

– Не ми е дозволено да седам на тронот на кралицата. Можам само да застанам до него. Тоа е многу строго правило – рече Ела.

Никогаш не прифатила плата за услугите на „замена на кралицата“. Имено, таа ја опишува својата работа како „задоволство и чест“.

– Настаните во кои помогнав се сите настани што се емитуваат низ целиот свет, а ги следеа милиони луѓе. Јас секогаш ги следам на телевизија и знам дека ќе ја видам кралицата и ќе мислам „ти помогнав“ – вели Ела и забележува дека таа не е „ lookalikе“ на кралицата, туку „stand-in“.

Таа улога не ја извршува поради нејзината физичка сличност, но ја менува кралицата поради нејзината практичност, со цел да си заштеди драгоцено време.

Поврзани содржини