📽 ДВОЈНА НЕЗГОДА НА КОНЦЕРТОТ Снимателот се сопна, а потоа и Лејди Гага падна

На социјалните мрежи се прошири видео од тоа како пејачката се сопна на пат кон сцената и падна, но веднаш стана и го продолжи настапот.

270

Лејди Гага (39) падна додека ја изведуваше песната „Vanish Into You“ на нејзината нова концертна турнеја „The Mayhem Ball“ во Лас Вегас. Видео од тоа како пејачката се сопна на пат кон сцената и падна, но веднаш стана и го продолжи настапот, се прошири низ социјалните мрежи.

Публиката ја пречека со голем аплауз и овации, а нејзините лојални обожаватели, познати како „Little Monsters“, уште еднаш покажаа колку многу им значи таа. Неколку моменти пред да падне Гага, се сопна и снимателот што ја придружуваше, што ѝ даде на целата сцена малку комична нота.

 







Пејачката моментално е на својата осма турнеја. Таа го промовира својот нов албум „Mayhem“, кој беше објавен во март оваа година. Со сет листа од 27 песни, таа им подготви вистинска авантура на обожавателите. Гага изведува песни од новиот албум „Mayhem“, но и стари познати песни што обожавателите ги знаат и ги сакаат. Турнејата вклучува 63 концерти во земји низ целиот свет. Славната пејачка доаѓа и во Европа во септември, а последниот концерт од турнејата „The Mayhem Ball“ ќе се одржи на 30 јануари следната година во Токио, Јапонија.

Лејди Гага веќе на почетокот на својата кариера, уште во 2008 година, постигна голем успех со својот прв албум „The Fame“. Албумот веднаш привлече внимание на критичарите и постигна добар комерцијален успех. Неговите синглови станаа меѓу најпродаваните дигитални песни на сите времиња.

 

Поврзани содржини