ДВЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Синиша Стојаноски во ГОБ „8 Септември“, Марија Андоновска во ИЈЗ

Синиша Стојаноски, новиот директор на ГОБ „8-ми Септември“, е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието. Новата директорка на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска работи на Универзитесткиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот, била пратеничка во Собранието, а во моментот е советник во Град Скопје.

1,138

Уште две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.






Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.

Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

 

Поврзани содржини