Две возила синоќа се судриле кај „Канал 5“, а трето возило го прегазило полицаецот кој го обезбедувал местото
Две возила се судриле синоќа на улицата „Скупи“ во близина на „Канал 5′“, а веднаш потоа друго возило удрило во полицаец кој ја обезбедувал сообраќајката.
Според првичните информации на порталот Курир, полицискиот службеник се здобил со полесни повреди, но за останатите лица кои учествувале во сообраќајката засега нема информација дали се повредени.
– При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на „Канал 5“ телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди – информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.