ДВЕ ВЕЛОСИПЕДИСТКИ ПАДНАЛЕ НА ФИНИШОТ Имаат гребнатини по телата
И двајцата малолетници од Исланд во кои удри возило, во атарот на село Зубовце, поминале со полесни повреди, гребнатини.
Две учеснички на Eвропскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) се повредиле при пристигнување на целта по велосипедската трка во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во СВР Куманово било пријавено дека за време на одржување на велосипедска трка, при пристигнување на целта паднале и се повредиле една малолетничка од Полска и С.М.С.(21) од Норвешка, кои се учеснички на Eвропскиот младински олимписки фестивал кој се одржува во нашата земја. Тие се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово – соопшти кумановската полиција.
Од кумановската болница денеска информираа дека девојчињата имале гребнатини по различни делови од телото. По пружената помош биле преземени од организаторите.
– Две девојчиња едното малолетно, другото 21 година, околу 13:20 часот биле примени во установата. Двете биле прегледани од лекари и им биле констатирани гребнатини по различни делови од телото. Лекарите ги прегледале, опсервирале, им направени дополнителни иследувања, снимања. Се работи за лесни повреди, по спроведената опсервација од лекарите, учесничките биле преземени од одговорните лица за младинки од Олимпискиот комитет – изјави главниот медицински техничар, Владимир Симоновски.
Двајцата малолетници од Исланд во кои удри возило, во атарот на село Зубовце, поминале со полесни повреди, гребнатини. Едниот од нив имал гребнатини по рацете и по нозете и по пружената здравствена нега бил преземен од комитетот. Вториот малолетник имал гребнатини и по лицето, бил здржан во текот на ноќта во болницата, но и тој бил отпуштен.