ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ПОРАДИ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива отежнато, само по една лента

Во сообраќајните незгоди нема повредеи, а причинета е материјална штета.

549

Поради одрон на левата коловозна лента на автопатот Скопје Велес, после патарина Сопот, а пред тунелите кај Башино Село, сообраќајот се одвива само по десната коловозна лента, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Испратена е служба од Полициската станица Велес за да го регулира сообраќајот. Во меѓувреме на истото место се случија две сообраќајни незгоди со матријална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.

Поврзани содржини