ДВЕ СКОПЈАНКИ БИЛЕ НАПАДНАТИ ОД СОПРУЗИТЕ Во еден ден две пријави за семејно насилство во Центар

499

Денеска (02.02.2025) во 02.30 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје, пријавила дека на 01.02.2025 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во полицискиот билтен.

На 01.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.М., со кого подолг временски период не живееле заедно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Поврзани содржини