Две семејства го прекршиле карантинот, тестирани 450 соседи

983

Во Германија, 450 жители на станбен комплекс во Гревенбројч биле тестирани за коронавирус, бидејќи две семејства кои биле заразаени го прекршиле карантинот.

Властите го оградија игралиштето во текот на викендот и поставија обезбедување со цел да бидат сигурни дека станарите нема да излезат до вторник, кога треба да бидат завршени резултатите, пренесува германски „Focus“.






Тестирањето на целиот станбен комплекс се случи откако надлежните откриле дека осум членови на двете семејства, кои биле заразени со вирусот, продолжиле нормално да комуницираат со соседите надвор од нивните станови.

Засега е непознато дали другите жители на комплексот знаеле дека членовите на двете семејства се заразени, а членовите на заразените семејства се префрлени на друга локација.

Поврзани содржини