ДВЕ МЕГА ПРЕСМЕТКИ И ЕДНО ИТАЛИЈАНСКО ДЕРБИ Сити против Баерн Минхен, Елмас и Наполи против Милан во четвртфиналето во ЛШ

Бранителот на титулата Реал Мадрид повторно ќе има англиски ривал во Лигата на шампионите, а интересно ќе игра со Челси во истата фаза како и минатата сезона.

96

Осминафиналната фаза во Лигата на шампионите ги одреди осумте патници во четвртфиналето, а како што беше најавено, денеска точно напладне се одржа ждрепката за оваа фаза.

Извлекувњето кое се одржа во европската куќа на фудбалот во Нион ни донесе навистина атрактивни и возбудливи четвртфинални парови во најелитното натпреварување, од кои посебно се издвојуваат пресметките кои ќе ги имаат Баерн Минхен и Манчестер Сити, односно Реал Мадрид и Челси.






Бранителот на титулата повторно ќе има англиски ривал во Лигата на шампионите, а интересно ќе игра со Челси во истата фаза како и минатата сезона.

Сепак, најдраматично и највозбудливо се очекува да биде меѓу Баерн и Сити, од едноставна причина што двата тима немаат претрпено пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.

Интересно е тоа што ќе гледаме и италијанско дерби во четвртфиналето меѓу Наполи и Милан, додека последниот пар е оној меѓу Бенфика и Интер.

Хамит Алтинтоп и Патрик Клајверт беа задолжени за извлекувањето на денешната ждрепка, на која се одредија и како ќе вкрстуваат екипите во полуфиналето.

Победниците од Милан-Наполи и Бенфика-Интер ќе го сочинуваат првото полуфинале, додека во второто ќе вкрстат подобрите од дуелите Реал-Челси, односно Баерн-Сити. Ова е патот до големото финале во Истанбул кое е закажано за 10-ти јуни.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 11. и 12. април, додека реваншите се закажани за 18. и 19. април. Полуфиналните мечеви се закажани за 9. и 10. мај, односно 16. и 17. мај.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4 ФИНАЛЕ:

Реал Мадрид – Челси

Интер – Бенфика

Манчестер Сити – Баерн Минхен

Милан – Наполи

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/2 ФИНАЛЕ:

Милан/Наполи – Интер/Бенфика

Реал Мадрид/Челси – Манчестер Сити/Баерн Минхен

Поврзани содржини