Во престрелката што се случила синоќа кај Младеновац, во селото Дубона, загинале најмалку 2 лица, а најмалку 7 лица се ранети.
Меѓу нив има и деца.
Две од ранетите лица наводно се полицаец и неговата сестра.
На местото на инцидентот има припадници на полицијата.
По младиот У.Б., 21 година, е распишана потерница.
Тој побегнал со „мерцедес“ откако испукал истрели од возилото во движење, најверојатно од автоматски пушки.
Автомобилот најверојатно се упатил кон Ниш.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ
(00.30 часот)
Во престрелката наводно се убиени 3 лица, а нивниот број може да е и поголем. Напаѓачот наводно уште пука во местото Сепшин.
Според неофицијални информации, конфликтот меѓу полицаецот и убиецот започнал во училишниот двор во Дубона. Тој се скарал со неколку лица, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.
(01.00 часот)
Бројот на повредени се искачи на 9. Кај неколку лица е вршена реанимација.
Српските медиуми убиецот го именуваат како Урош Б. Објавена е и неговата фотографија од социјалните мрежи:
View this post on Instagram