ДВЕ ЛИЦА ВО ДОЛНО КОЛИЧАНИ СЕ СРЕТНАЛЕ СО ВООРУЖЕНИ ЛИЦА Полицијата интервенираше и ги приведе разбојниците
МВР соопшти дека станува збор за О.Ј. и Б.Ј. кои се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Две лица во одвоени случаи се соочиле со група вооружени лица во скопско Долно Количани, соопшти полицијата. Еден од групата се заканувал со пиштол.
„Вчера, во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14 часот во селото Долно Количани-скопско додека се движел со своето возило фолксваген шаран заедно со неговиот роднина О.Ј., бил запрен од неколку лица, при што од едно лице на мотоцикл во воздух биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. Потоа Х.А. се упатил кон селото Горно Количани, каде што, како што рекол, повторно бил запрен од истите лицата, при што еден од нив со пиштол почнал да му упатува закани.
Синоќа и Е.Б.(19) од село Долно Количани пријавил во СВР Скопје дека дента околу 13.40 ласот во Долно Количани, додека имало веселба среде селото, бил навредуван заради паркинг место од Б.Ј., кој потоа со патничко возило ауди што го управувал удрил во друго паркирано возило. Според Е.Б., по кратко време, во чајџилницата каде што тој се наоѓал, дошол О.Ј. со друго лице кое се претставило како полициски службеник Х.А. и го прашал да објасни што се случило, и кога Е.Б. почнал да објаснува, Б.Ј. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Потоа, според пријавеното, О.Ј. му го одзел пиштолот на Б.Ј. и двајцата се дале во бегство. О.Ј. и Б.Ј. се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.