Две лица приведени во Чаир поради напад на полицаец
На 22.07.2020 околу 14.00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Р.(37) и Ф.Р.(31).
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во Скопје биле приведени две лица, а едното од нив дури физички нападнало полициски службеник.
– На 22.07.2020 околу 14.00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Р.(37) и Ф.Р.(31), возач и сопатник во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи се однесувале агресивно кон полициски службеник, а А.Р. и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од МВР.