Две лавици го убиле својот чувар додека ги водел на утринско шетање (ВИДЕО)

Лавиците сега се заспани и привремено преместени во засолниште за загрозени животни, по што најверојатно ќе бидат пуштени за прв пат во дивината.

1,204

Маж во Јужноафриканската Република е убиен од две лавици откако им ја отворил вратата од нивното живеалиште за да однесе на утринска прошетка, објави Independent.

Вест Матјусон (68) до смрт го изгризале две возрасни бели лавици кои ги чувал, откако биле спасени од таканаречена фарма за лов, односно резерват во кој животните се одгледуваат подоцна да бидат пуштени за ловење во ограден простор.






Неговата сопруга се обидела да го спаси од 180 килограми тешките животно но тие веќе му нанеле фатални рани.

Сѐ уште не се утврдени причините поради кои лавиците го нападнале нивниот чувар. Неговата снаа изјавила дека тие не се обиделе да го изедат, туку најверојатно се работи за погруба игра на двете снажни животни.

Истиот пар лавици еднаш веќе нападнал човек пред две години, кога успеале да излезат од нивното живеалиште, но  како што и самиот  Матјусон изјавувал чето , тие биле пријателски настроени, што се гледа и од видеото кое е направено за време на една прошетка на лавиците.

Лавиците сега се заспани и привремено преместени во засолниште за загрозени животни, по што најверојатно ќе бидат пуштени за прв пат во дивината.

 

Поврзани содржини