Две кривични за вечерата во Елисејската палата на која присуствувал Макрон и 10 гувернери
По вечерата одржана Елисејската палата во средата, две здруженија – „Жртви на коронавирус Франција“ и здружението на трговци „Лес Пендус“, поднесоа жалба против НН лице за загрозување на животот на другите.
Откако вчера се дозна дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус се погласно се зборува за вечерата организирана во средата вечерта во Елисејската палата, на која имало повеќе од шест гости. Во врска со неа, денеска веќе се поднесени две претставки против НН лице за загрозување на животот на другите, јави дописникот на МИА.
По вечерата одржана Елисејската палата во средата, две здруженија – „Жртви на коронавирус Франција“ и здружението на трговци „Лес Пендус“, поднесоа жалба против НН лице за загрозување на животот на другите.
Според нивниот адвокат, Фабрис Ди Визио, утрово е поднесена првата кривична пријава до јавниот обвинител на Париз, веројатно насочена кон „сите учесници на вечерата, со исклучок на Жан Кастекс и Емануел Макрон. Втората пријава е поднесена истовремено до Судот на правдата на Република „против Жан Кастекс, прецизира адвокатот.
„Неодговорноста е фрапантна: имаше десет гувернери на долгата вечера на која се разговараше за теми кои немаа итен карактер, со што се прекрши полицискиот час што во сила влезе претходниот ден“, се наведува во соопштението на адвокатот Ди Визио.
Овие две пријави се надоврзаа на дел од критиките во печатот, откако беше откриено дека шефот на француската држава е позтивен на коронавирус и дека највисокиуте државни фунцкионери на најфлагранет начин не ги почитувале мерките, додека нивното почитување се бара од обичните Французи.