ДВЕ ГОДИНИ ОД ГРОЗОМОРНИОТ МАСАКР ВО „РИБНИКАР“ Во Белград се одржуваат комеморативни собири во сеќавање на убиените ученици

144

Со комеморативни собири денеска во главниот град на Србија се одбележува втората годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

На 3 мај 2023 година, ученик од тоа училиште Коста Кецмановиќ со истрели од пиштол уби девет деца и еден училишен чувар, а рани и неколку други.






Во 8.40 часот пред училиштето ќе се одржи комеморативен собир, најави Мултидисциплинарниот тим за основање на Меморијалниот центар во спомен на жртвите од масовното убиство. Во текот на целиот ден, граѓаните ќе можат да положат цвеќе и да палат свеќи во центарот на Белград како и да се потпишат во книгата на спомени.

Еден ден подоцна, на 4 мај 2023 година, Урош Блажиќ (21) уби девет лица во Мало Орашје и Дубона, додека 12 од беа тешко повредени.

На 19 септември 2024 година, Владата на Србија донесе одлука со која ги воспостави 3 и 4 мај како Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства во Србија, и се одбележуваат секоја година.

 

Поврзани содржини