ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ СОУЧЕНИЧКА, ДРУГАРИТЕ СНИМАЛЕ Јавниот обвинител го испитува случајот

На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

914

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје. Дадени се насоки за постапување, информираат од Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавено видео од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.






Во полицискиот билтен на МВР пишува дека на 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Во видеото од тепачката се гледа како три девојки разговараат, а четвртата стои покрај нив. Потоа почнува вербална расправија со погрдни зборови, а по неколку моменти двете девојки жестоко ја удираат и ја влечат за коса третата девојка.

Додека трае тепачката околу нив дел од соучениците се смеат, навиваат и снимаат со мобилни телефони, а едно момче успева да ја извлече девојката од толпата.

 

Поврзани содржини