ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ПОЧУВСТВУВАНИ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА Јачината на ударите е 3,4 и 2,3 степени по Рихтер

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина, велат од Природно-математичкиот факултет во Скопје.

130

Утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрирани се земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Поврзани содржини