ДВА ОРУЖЕНИ ГРАБЕЖИ НА БИТ ПАЗАР ВО ЕДЕН ДЕН Инциденти во аптека и во филијала за брзи кредити
Околу 17.10 часот маж со огнено оружје пробал да ограби филијала за брзи кредити. Во 21 часот лице со огнено оружје одзело пари од аптека.
Два вооружени грабежи се случиле на подрајчето на општина Чаир кај Бит Пазар во саботата. Околу 17.10 часот во полицијата било пријавено дека маж се заканувал со огнено оружје и се обидел да земе пари во филијала за брзи кредити. Странка од објектот го спречила да земе пари и тој го напуштил местото на настанот.
Истиот ден, во 21 часот било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар лице со огнено оружје одзело пари од вработените.
Полицијата ги расчистува случаите.