ДВА МИЛОНИ ДЕНАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ Донација на Македонски телеком

Техничките екипи на Македонски Телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани.

227

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за помош на граѓаните кои живеат во областите погодени од големите пожари. Донацијата ќе се реализира во соработка со Црвен крст.

– Техничките екипи на Македонски Телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани – велат од Телеком.






Во соработка со Црвен Крст, ставен е во функција и бројот за донации 143 400 на кој секој може да донира.

– Пожарите предизвикаа голема материјална и емотивна штета на голем број наши сограѓани и наша обврска, како општествено одговорна компанија е да започнеме иницијатива за помош, која се надеваме ќе ја следат и останатите приватни компании – велат од  компанијата.

Поврзани содржини