ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ НА ПАТОТ МАВРОВО – ДЕБАР Со возилото паднале во реката Радика

962

Две лица загинале во сообраќајната несреќа што се случи на патот Маврово-Дебар, попладнево, соопшти полицијата.

Во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврово – Дебар во која патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика.






Во несреќата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото.

Од 18:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар е во прекин, соопшти АМСМ.

Прекинот е поради извлекување на патничко возило кое по сообраќајна несреќа завршило во реката Радика во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Поврзани содржини