ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И ЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ИСТЕПАЛЕ ДЕВОЈЧЕ ВО АВТОБУС Инцидентот се случил во скопско Батинци

„Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

747

Ноќеска во 00.40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(41) од с.Батинци, скопско, пријавил дека на 27.04.2023 околу 19.40 часот во градски автобус во с.Батинци, неговата малолетна ќерка била физички нападната од три машки лица, од кои еден малолетник, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини