Двајца уценувале девојка со компромитирачки материјали

397

Девојка на 19 години била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа. Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело.






Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини