ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ПАДНАЛЕ ОД МОПЕД Со тешки повреди биле пренесени во болница

158

Двајца тинејџери се повредени откако паднале од мопед ноќеска во Скопје, соопшти полицијата.

Како што е наведно во билтенот на МВР, на 25.08.2023 околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Гоце Делчев во Скопје, 16-годишник од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот.






По несреќата возачот и 16-годишната сопатничка од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што на возачот му биле констатирани телесни повреди, а на сопатничката ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани содржини