Приведени се В.А. (29) и С. Ш. (21) од скопско денеска, поради извршено кривично дело тешка кражба од 20 до 27 ноември во куќа во село Идризово.
Двајцата во повеќе наврати од куќата украле бела техника,златен накит, телевизори, лаптоп компјутери и други предмети.
Кривичното деко е расчистено, а пронајдени и одземени се предметите кои потекнуваат од кривичното дело. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.