ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ СЕ СО ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ, ТРЕТИОТ ИМА СКРШЕНИЦИ НА НОЗЕТЕ Повредените се згрижени во Ургентниот центар

Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.

311

Двајца од работниците кои утринава беа затрупани со земја на градилиште во Кисела Вода се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, информира Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман – се наведува во соопштението од Ургентниот центар.

Доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, претходно изјави дека при несреќата загинал градежен работник и дека тројца се повредени.

ЕДЕН ОД ЗАТРУПАНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАГИНА, ДВАЈЦА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ Медицински извори ја потврдија смртта

 

Поврзани содржини