ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ НА ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ ВО ЛИПКОВО На терен излегоа полициски и трудови инспектори
Повредени се Ш.С.(57) кој има тешки телесни повреди и Р.Р.(31) со телесни повреди, двајцата од скопското село Бојане.
Двајца работници се повредени на градилиште во Липково, информира Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот е пријавен синоќа во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што биле донесени Ш.С.(57) со тешки телесни повреди и Р.Р.(31) со телесни повреди, двајцата од скопското село Бојане.
Како што информира денеска МВР, според пријавеното, лицата се здобиле со повредите при извршување градежни работи во село Липково за фирма од Скопје.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Куманово и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.