ДВАЈЦА ОХРИЃАНИ ТУРНАЛЕ ЖЕНА ОД ТЕРАСА Кривични пријави за обид за убиство и помагање

Жената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

320

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид” како и против Е.М. (21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”.

На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата Карпош Војвода во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.






ЖЕНА ПАДНА ОД ТРЕТИ КАТ НА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВО ОХРИД Две лица се приведени во врска со инцидентот

Поврзани содржини