Двајца играчи на Милан позитивни на ковид-19
Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез се позитивни на вчерашното тестирање на ковид-19. Резултатите од тестирањата на остатокот од екипата се негативни - соопшти Милан.
Актуелниот лидер во италијанскиот шампионат Милан обелодени попладнево два позитивни случаи на коронавирус во своите редови.
– Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез се позитивни на вчерашното тестирање на ковид-19. Резултатите од тестирањата на остатокот од екипата се негативни – соопшти Милан.
Во клупското соопштение се додава дека двајцата стандардни првотимци немаат симптоми на болеста и веќе се во задолжителна самоизолација.
Милан е првопласиран во Серија А со три бодови предност пред градскиот ривал Интер во пресрет на утрешното гостување кај Каљари.