ДВАЈЦА И НАТАМУ КРИТИЧНО, ПЕТ ЛИЦА СТАБИЛНИ Еве каква е состојбата на повредените во вчерашното пукање во белградското училиште

Критично е девојче со повреди во главата, како и пациент со прострелни рани на градниот кош, на вратот и ‘рбетот.

204

Тројца од четворицата ранети во Ургентниот центар во Белград се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјави директорот на универзитетскиот Клинички центар Србија, професор доктор Милика Ашанин.

– Што се однесува до четвртиот пациент, тој е примен со тешки, комплексни прострелни повреди на градниот кош, на вратот и ‘рбетот. Врз него беа извршени две операции. Подобар е, буден е, но мора да бидеме многу внимателни и да квалификуваме дека состојбата е критична. Денеска ќе направиме серија на прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите – изјави доктор Ашанин.






Директорот на универзитетската Детска клиника Тиршова, доктор Синиша Дучиќ рече дека две момчиња со прострелни рани во нозете, кои се сместени на таа институција, се стабилно, додека девојче е оперирано како итен случај, со повреди во главата, витално е загрозена и се наоѓа во критична состојба.

Поврзани содржини