📷 ДВАЈЦАТА ХОЛИВУДСКИ ШМЕКЕРИ СЕ СРЕТНАА ПО 24 ГОДИНИ Жените не знаат во кого попрво да погледнат
Холивудските легенди Бред Пит и Том Круз се соединија две децении по нивното последно заедничко појавување на црвениот тепих и повеќе од 31 година откако заедно глумеа во хорор класиката на Нил Џордан „Интервју со вампирот“ од 1994 година.
Холивудските легенди Бред Пит и Том Круз се сретнаа 24 години по нивното последно заедничко појавување на црвениот тепих и повеќе од 31 година откако заедно глумеа во хорор класиката на Нил Џордан „Интервју со вампирот“ од 1994 година. Барем што се однесува во јавност.
View this post on Instagram
Том Круз ненадејно се појави на премиерата на „Формула 1“ во Лондон, придружувајќи му се на Бред Пит на црвениот тепих.
И Пит и Круз изгледаа неверојатно, како времето да застанало за нив. Срдечно се поздравија и прегрнуваа на црвниот тепих.
View this post on Instagram
Пит ги привлече насловните страници претходно овој месец кога на мексиканската премиера на „Формула 1“ рече дека би бил заинтересиран повторно да соработува со Круз. Додаде дека не е премногу заинтересиран да му парира на Круз во неговата љубов кон воздушните акробации.
– Па, не сакам да висам на авион – се пошегува Пит за повторната средба со Круз на големото платно.
– Значи, кога повторно ќе направи нешто на земја, може – додаде тој.
И Круз и Пит имаат оваа година во киносалите два од најпопуларните филмски остварувања од летната филмска сезона.
Круз се врати како Итан Хант во мајскиот филм „Невозможна мисија: Конечна пресметка“, кој го постави рекордот на франшизата за првиот викенд со 200 милиони долари на глобално ниво. Акциониот филм финансиран од „Парамаунт“ оттогаш заработи 540 милиони долари и тој број расте.
View this post on Instagram
Пит, во меѓувреме, е ѕвездата на тркачкиот филм „Формула 1“ на „Ејпл“ и „Ваарнер брос“, кој го режираше Џозеф Косински, режисерот на филмот „Топ Ган: Маверик“ во кој главната улога ја игра Круз. .
Интересно е што продуцентот Џери Брукхајмер работеше на двата филма.
Косински неодамна откри за списанието „Џеј Кју“ дека првично планирал повторно да ги спои Круз и Пит на големото платно за неговата верзија на тркачката драма „Форд против Ферари“, иако студиото никогаш не го одобрило неговиот буџет. Филмот што беше снимен пред неколку години во кој на крајот глумеа Кристијан Бејли и Мет Дејмон во главните улоги.
– Том секогаш оди до крај, но во исто време е супер способен и многу вешт – рекол Косински кога списанието „Џеј Кју“ го праша што ќе се случеше ако Круз глумеше во „Формула 1“ наместо Пит.
– И двајцата имаат природен талент за возење. Но, мислам дека можеби Том ќе нè исплашеше малку повеќе – рече Косински, пренесува „Вариети“.