ДВАЈЦА БРАЌА И СЕСТРА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ БРЧКО Голема трагедија ја потресе Босна
Во тешката несреќа учествувале три возила, а според босанските медиуми, возилото во кое биле браќата и сестрата директно се судрило со друго возило.
Двајца браќа и една сестра загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи утринава на Малезискиот пат во Брчко, Босна, а четири лица се повредени, од кои едно е во животна опасност.
Во тешката несреќа учествувале три возила. Според босанските медиуми, возилото во кое биле браќата и сестрата директно се судрило со друго возило.
Од Здравствениот дом Брчко соопштија дека итната медицинска помош во најкраток можен рок била на лице место за да им пружи помош на повредените и да учествува во спасувачката акција.
– Со оглед на сериозноста на настанот, Центарот за ментално здравје на здравствениот центар во Брчко ги мобилизираше сите расположливи човечки капацитети. Им беше укажана психолошка помош на сите учесници во спасувачките активности и на членовите на семејствата на настраданите, како и на граѓаните на кои им е потребна психолошка поддршка поради овој трагичен настан – соопштија од Здравствениот дом во Брчко.
Сообраќајната несреќа се случила утринава околу 6 часот и 30 минути.
Во тек е истрага за тоа како дошло до оваа голема трагедија.