Дваесет и три годишниот Ш.Ш. и 31-годишниот Е.Ш., двајцата од скопското село Арачиново на 1 ноември го убиле С.А. (56) од истото село, а го раниле 20-годишниот Х.А., кој е исто така од Арачиново.
Од МВР информираат дека е утврдено дека убиството е извршено од „ауди А5“ со скопски регистерски ознаки, во сопственост на Е.Ш., кое е пронајдено и одземено.
„На 02.11.2024 од страна на ЕНК-ОКСД во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ш.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривична пријава против Е.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, при што Е.Ш. е лишен од слобода, а Ш.Ш. е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, се наведува во соопштението.
Судија на претходна постапка на двајцата им одредена мерка притвор од 30 дена.