Двајца алпинисти го загубија животот на Монт Еверест

Поради пандемијата со ковид-19, минатата година беше забрането искачување на највисокиот врв во светот.

392

Двајца странски алпинисти, Американец и Швајцарец, починаа на Монт Еверест, соопштија утрово непалските планинарски служби.

Швајцарскиот алпинист почина од истоштеност, по пристигнувањето на врвот, додека американскиот алпинист ненадејно почина во првиот логор за време на спуштањето.






Непал издаде 408 дозволи за искачување на врвот на Монт Еверест, на 8.848 метри надморска височина во оваа сезона.

Поради пандемијата со ковид-19, минатата година беше забрането искачување на највисокиот врв во светот.

Непал ги олесни карантинските мерки за оваа сезона во надеж дека ќе привлече повеќе алпинисти, и покрај ризикот од инфекција со ковид-19 за време на експедиција на голема надморска височина, без опции за третман.

Поврзани содржини