ДУРМИШИ НЕ ГЛЕДА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СЕБЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Министерот ја впери одговорноста кај институциите надлежни за надзор и контрола

Министерот за економија рече дека Министерството за економија нема законска надлежност ниту располага со механизми за проверка на валидноста на лиценците, но други институции ги имаат овие надлежности.

814

Министерот за економија Бисар Дурмиши не гледа одговорност кај себе за да даде оставка за тоа што дискотеката „Пулс“ во Кочани во која се случи незапамтената трагедија, немала лиценца за работа и работел со неисполнети минимални услови за работа и во периодот од кога тој е министер за економија.

Тој рече дека Министерството за економија нема законска надлежност ниту располага со механизми за проверка на валидноста на лиценците, но други институции ги имаат овие надлежности.






– Нема некој кој не чувствува морална одговорност за настанот, но она што се случи во Кочани е алармантен сигнал за распаднат систем во кој е длабоко вкоренета корупцијата. Се постапува по лиценцата на кабарето „Пулс“. Министерството не е надлежно за проверка дали лиценцата е со важност или не. Нема надлежност, ниту некаков механизам за проверка. Во Министерството само се води политика. Одговорноста е кај институциите кои се надлежни за вршење надзор и контрола на работата на угостителските објекти. Ние не се мешаме онаму каде што не сме надлежни – рече Дурмиши на денешната прес конференција.

Запрашан за тоа дали смета дека неговиот претходник Крешник Бектеши е виновен за трагедијата во Кочани, Дурмиши се повика на истрагата.

– Јас не сум надлежен за давање мислење за тоа дали Бектеши се огрешил пред законот – рече Дурмиши.

Поврзани содржини