ДУРИ И ВО ЕЛИТНАТА НАСЕЛБА ВОДНО ИМА ПРОБЛЕМИ Котлар вели дека знае како да се справи со предизвиците

Котлар Трајкова посочи дека капитални инвестици можат да бодат градба на градинки, асфалтирање на улици како што треба, а не како сега градоначалникот што ги асфалтирал со тенок слој на асфалт.

254

Она што го гледам на теренот и честопати го велам има толку насобрано проблеми во оваа општина што и да избереме по десетина градоначалници за секое место во Општина Центар ќе бидат малку за да се справат со проблемите, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник за Општина Центар во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Котлар Трајкова додаде дека при разговори со жители увидела дека граѓаните имаат проблеми со улицата на која живеат, со атмосферската канализација, канализационата инсталација, дали е сообраќајната инфраструктура, паркинзите, недостаток на градинки итн. жителите во Центар се соочуваат со многу проблеми.






– Делови од Ново Маало, Крњево и Маџир Маало имаат проблеми и мора да бидат урбанизирани. Има проблеми и на Водно искрено да ви кажам ќе помислиме дека тоа е елитна населба, меѓутоа и таму има проблеми коишто се напластени од претходните периоди – појасни Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова посочи дека капитални инвестици можат да бодат градба на градинки, асфалтирање на улици како што треба, а не како сега градоначалникот што ги асфалтирал со тенок слој на асфалт. На Центар, додаде таа, е потребен иновативен парк за млади луѓе којшто ќе биде наменет за идејни и старт-ап фирми.

– Со ова ќе се мотивираат младите да останат во општина Центар, во Македонија – рече Котлар.

Поврзани содржини