Дури една четвртина од заразените со ковид-19 во Романија се здравствени работници

651

Вкупно 25 проценти од Романците заразени со новиот коронавирус се здравствени работници, соопшти денеска Федерацијата за здравствена солидарност.

Според синдикатот, стапката на инфекција кај здравствените работници е 20 пати поголема од онаа на остатокот од популацијата.






Заклучно со 7 април 2020 година, бројот на потврдени позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници е 1.087, што е 25 проценти од сите заразени Романци се здравствени работници, соопшти синдикатот.

Доцна синоќа беше соопштено и за првата жртва во редовите на медицински персонал во државата – 53-годишен вработен во Ургентен медицински центар во северниот град Суќава, каде има најмногу заразени во државата.

Поврзани содржини