Дури 185 германски актери и актерки се изјасниле дека се геј, лезбејки, транс: Повеќе не сакаме да молчиме

417

Дури 185 германски актери и актерки се изјасниле како хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци, транс, и небилнарни лица.

Тие потпишале заеднички манифест со кој бараат поголема разновидност во филмовите и на телевизија, а објавено е во новиот број на „СЗ Магазин“ во прилог на германскиот национален дневник Süddeutsche Zeitung. Објавувањето на манифестот на германските актери од 20 години па се до 70 години сакаат да покренат јавна расправа за толеранција и за исклучивоста.






– До сега не можевме на работа отворено да зборуваме за својот приватен живот, без страв од професионални последици – порачале во манифестот.

– Во семејството и меѓу пријателите веќе сме се изјасниле, ама не сме видливи во јавноста со својот сексуален идентитет. Секогаш се претпоставува дека сте во рамките на нормите – вели еден од иницијаторите на манифестот.

Поврзани содржини