ДУМАТА ИЗГЛАСА, МОСКВА И ТЕХЕРАН ЌЕ БИДАТ СОЈУЗНИЦИ 20 ГОДИНИ Се разгорува нуклеарното прашање на Иран
Договорот, кој предвидува и заеднички воени вежби и соработка во речисти сите области, доаѓа во време кога Иран е под притисок од САД потпише нов нуклеарен договор и се очекува на 12 април да започне директни преговори со американски претставници во Оман.
Русија и Иран ќе бидат партнери во следните 20 години, според договор за стратешка соработка кој денеска, 8 април, го ратификуваше руската Дума. Според документот кој претходно, во јануари, беше потпишан од претседателите на двете земји, Москва и Техеран ќе се консултираат и ќе соработуваат во случај на воени и други закани за нивната безбедност.
Договорот, кој предвидува и заеднички воени вежби и соработка во речисти сите области, доаѓа во време кога Иран е под притисок од САД потпише нов нуклеарен договор.
Иран директно ќе преговара со САД за нуклеарното прашање на 12 април во Оман. Ројтерс пренесе дека преговорите ќе ги Американско-иранските разговори, кои ќе се одржат во сабота на 12 април во Оман, ќе ги водат иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф.
Претходно, во средината на март, високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа во Пекинг на разговор за развивање нуклеарно оружје, објави тогаш кинеската државна телевизија.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на 8 април го обвини Западот за тоа што Иран се вооружува со нуклеарно оружје. За Русија е неприфатлив притисокот на САД врз Иран.
– Ситуацијата на Блискиот Исток, околу иранската нуклеарна програма, е во фокусот на вниманието на меѓународната заедница многу години. За жал, ситуацијата не се стабилизира, туку напротив се влошува поради неконструктивната позиција на Западот – рече Захарова.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека ако САД и Иран не се договорат, „ќе има бомбардирање“.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, пркосно му одговори на Трамп, предупредувајќи дека САД и Израел „дефинитивно ќе добијат силен, реципрочен удар“ доколку го нападнат Иран.
Трамп на 7 април изјави дека САД се во директни преговори со Иран, истовремено наведувајќи дека „Техеран не може да поседува нуклеарно оружје“.