ДУИ ПОБЕДИ ВО 7 ОПШТИНИ Ахмети изгуби во Тетово и во Гостивар
Ахмети рече дека очекуваат добри резултати во Тетово и во Гостивар, но според најновите информации, Теута Арифи веќе му ја честиташе победата на Билал Касами од БЕСА во Тетово, а Арбен Таравари од Алијанса за Албанците победи во Гостивар.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места рече дека неговата партија победила во општините Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и во Арачиново.
Тој рече дека очекуваат добри резултати во Тетово и во Гостивар, но според најновите информации, Теута Арифи веќе му ја честиташе победата на Билал Касами од БЕСА во Тетово, а Арбен Таравари победи во Гостивар.