ДУИ: Македонските партии да се воздржат од говор на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер
Партијата на Али Ахмети е длабоко вознемирена од реакциите на претставниците на македонските политички партии по повод започнување на легитимната инициатива за избор на прв премиер Албанец во Македонија, соопшти ДУИ.
– Говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници, зборува за неподготвеност на општеството за потполна рамноправност и за еднаков третман на сите граѓани.
Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и американското партнество и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Советникот на градоначалникот на Општина Бутел, кој е избран и со гласовите на Албанците, јавно ја предводеше омразата за идејата за прв ремиер Албанец што е разочарувачки потег и треба кривично да одговара, соопшти партијата.
ДУИ ги повикува македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на земјава.