ДУИ КАКО ВЛАСТ СЕ СОГЛАСИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА БАЛАНСЕРОТ, КАКО ОПОЗИЦИЈА МАНИПУЛИРА Правичната застапеност ќе се реши со закон

Пратеникот Миле Лефков рече дека ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен и дека рамноправната застапеносост на етничките заедници при вработувањата ќе се реши со закон.

111

ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, а сега од позиција на опозиција наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој рече дека владата на ДУИ и СДСМ во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за периодот 2023-2030 година, со која се предвидува укинување на балансерот.






– ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДСМ ја промовираа стратегијата. ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа стратегија и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека укинувањето на балансерот е препорака од Европската Унија. ЕУ јасно укажува дека вработувањето врз основа на балансерот може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите. ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста – рече Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде, се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен и.

– Сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон – рече Лефков.

Поврзани содржини